(ВИДЕО) Автомобил удри во капијата на Руската амбасада во Романија, возачот загина

0
518

Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата.

Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место .

На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.