Киднапирана 83-годишна американска калуѓерка во Буркина Фасо

0
522

Осумдесет и тригодишна американска калуѓерка е киднапирана во Буркина Фасо, јави Би-Би-Си.

Соопштено е дека вооружени лица ја киднапирале од женски манастир, каде тие вандализирале простории.

Потрагата по калуѓерката е во тек.

Неколку лица од Западот беа киднапирани од исламистичките милитанти во северниот дел на Буркина Фасо и други делови на Сахел во изминатите години, потсетува Би-Би-Си.