Неделков за Лидер: Владата ќе се соочи со сериозни санкции од меѓународната заедница доколку се обиде да најде заменски наставници за време на штрајкот!

Меѓународната организација на трудот уште пред три години доставила допис до Владата кај што бараат да се отстрани тој дел од законот за “заменски наставници“ бидејќи не е во согласност со Меѓународните конвенции за синдикално здружување и дејствување, тврди првиот синдикалец на СОНК, Јаким Неделков.

Тој дел од Законот не е отстранет и сега се злоупотребува и се користи за заплашување на работниците, вели Неделков кој додава дека Владата треба да сфати дека дека крши меѓународни конвенции кој што самата ги ратификувала, објави Лидер. 

Засега СОНК нема нови најави за преговори со Владата. Од понеделник започнуваат со штрајк доколку до петок немаат некаква понуда што не би можеле да ја одбијат.

Неделоков тврди дека децата нема да изгубаат од настава. Бирото за развој на образованието ќе изготви скратена програма која ќе се спорведе во рамки на учебната година до 10 јуни.

Лидер: Учениците нема потреба да се грижат, часовите ќе се надоместат без продолжување на учебната година после 10 јуни. Но како тоа планирате да го изведете тоа , кога за да ја скратите наставата потребна ви е согласност од Министерството за образование и наука?

-Ние со МОН, односно со Бирото за развој на образованиеќе се издоговориме и секој професор во рамките на својот наставен предмет ќе направи скратена програма, односно ќе ја почитува скратена програма за ден, два , три и колку веќе дена во штрајк ќе бидеме по соодветните премети за кои БРО ќе даде согласнот за тоа.

Лидер: Толку ли планирате да штрајкувате, ден, два три..?

-Никој не знае колку ќе трае штрајкот. Јас не можам да преудицирам колку ќе трае штрајкот .

Текстот во целост на: Лидер.