Изби пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“, јавува репортерот на ТВ21.
Засега причините за пожарот не се познати, и истиот е изгаснат.
Според информациите на ТВ21, се работи за пробна работа и можни се вакви дефекти.
извор: ТВ21.