Г7 ги осудува руските „злосторства“ во Буча

0
203

Групата седум индустриски најразвиени земји позната како Г7 денеска најстрого ги осуди, како што ги нарекува „злосторствата“ предизвикани од руските воени сили во украински области. Во нивната заедничка изјава е наведено дека токму „злосторствата“ кои се прикажани на страшните фотографии на кои се гледаат убиени цивили, жртви на тортура и „очигледни егзекуции“ го покажуваат вистинското лице на руската брутална војна против Украина.

„Масакрите во градот Буча и другите украински градови ќе бидат впишани во списокот на злосторства и тешки прекршувања на меѓународното право, вклучително меѓународното хуманитарно право и човековите права, извршени од агресорот на украинска територија“, се вели во заедничката изјава.

 

 

Радио Слободна Европа