30-дневен притвор за Мухамед Зеќири

На генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири му е одреден 30-дневен притвор, откако Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека тој е осомничен заедно со двајца хрватски државјани, за изигрување на тендерска постапка, незаконски присвоиле 145.400 евра. Потоа, Зекири соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

Судија на претходна постапка доцна синоќа одлучи да го прифати предлогот на Обвинителството и да определи мерка притвор за Зекири, поради постоење опасност од бегство, можност за уништување докази или влијание на сведоци, како и опасност дека ќе го повтори делото. Тој со полициско возило потоа беше спроведен од судот до затворот Скопје во Шуто Оризари.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

– Што се однесува до другите двајца осомничени – опфатени со предлогот за определување мерка притвор кои се странски државјани и за кои е добиено известие дека се недостапни на органите на прогон, донесено е решение за праитвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.