Завршни зборови за „Плацови на Водно“: Обвинителството бара највисока казна за Груевски

0
369

Во завршните зборови за случајот обвинителката Лиле Стефанова рече дека екс премиерот Никола Груевски,како првообвинет, е вистински сопственик на имотот кој до последен момент се обидувал да го прикрие. Побара од судот да го конфискува земјиштето на Водно и во Крушево, два стана на Бихачка,како и на трите луксузни апартмани во зградата „Панорама Резиденс“. За него побара највисока казна, бидејќи е во бегство, обави Канал 5.

-Обвинетиот, цело време, како премиер и претседател на политичка партија која била на власт повеќе од 10 години, ја користел својата позиција да се сокрие неговиот имот и до крај, до завршувањето на оваа постапка, тоа го правеше.- Лиле Стефанова – Обвинител

За екс шефот на УБК Сашо Мијалков, Стефанова побара повисока казна. Образложи дека бил на висока функција и во институција и во партија па оттаму имал и повисока одговорност во прикривањето и помагањето на Груевски.

-Знаел дека имотот се купува за Никола Груевски, знаел дека парите потекнуваат од кривично дело, а сепак ги презел дејствијата на извршување. При претресот на неговото возило кога беше во бегство беа пронајдени во затворена кутија токму договорите со правното лице СС Инвестмент за предметните станови.- Лиле Стефанова – Обвинител,

Одбраната на Груевски го повика судот да донесе ослободителна пресуда, врз основа на докази а не да се води од претпоставки.

Текстот во целост на: Канал 5.