(ВИДЕО) Хаос во Њујорк: Во метро застрелани повеќе лица, најдени експлозивни направи

0
547

Полицијата во Њујорк потврди дека истражува инцидент во близина на станицата на подземната железница во Бруклин во која се повредени најмалку 13 лица. Од нив 5 најмалку биле застрелани со огнено оружје, додека нема информации на кон начин биле повредени останатите 8 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fox News (@foxnews)

Според портпаролот на противпожарната служба во Њујорк, нивните припадници реагирале по повикот за помош кој пристигнал во 8 и 30 наутро , бидејќи од станицата на метрото излегувал чад.

Откако пристигнале на местото на настанот, пожарникарите нашле жртви ранети со истрели од огнено оружје и неексплодирани средства.

Останува нејасно какви точно средства биле пронајдени, а пристигнале и специјално обучени безбедносни сили кои треба да извршат проценка за евентуална опасност по животот на луѓето.

На социјалните мрежи се појавија и првите фотографии направени по инцидентот во подземната железница, на кои се гледаат дел од ранетите луѓе.