Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“. Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери. Бројни судски предмети и принзанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како Твдрина, Титаник… Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Се ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители.
Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.
Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија.
Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски.
Оттука е молкот на Христијан Мицкоски.
Човекот кој не се извини ниту еднаш за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, кој не побарал ниту еднаш одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.
Граѓаните знаат дека во времето кога се правени сите овие криминали, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски (2015-2016) а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто со години молчи?
Дали стравува дека и тој би можел да се најде на црната листа? Тоа треба да одговори самиот Мицкоски.