Доаѓа нов изразен студен бран – со себе носи пад на температурите за повеќе од десет степени

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, објави meteoalarm.mk.

Потоа како што најавивме, утре полека облачноста ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Веќе во недела, како и во почетокот од следната недела под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повисоките како и на планинските места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе опаднат дури за повеќе од десет степени и од недела па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, со што ќе има појава на мраз.

Да напоменеме дека за време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина. Исто така, локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2) и тоа особено во јужните, југоисточните како и во западните предели.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.