О2 иницијатива: Зошто немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот

0
291

Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови. Азбестот е на листата на опасен отпад, пишуваат во објава на ФБ од О2 иницијатива.

Во објаваат тие додаваат:

Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме.
Загрозено беше и сè уште е здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар, Карпош и Ѓорче, поради ветерот. Азбестните влакна остануват вo воздухот 48-72ч, значи два до три дена, пред да паднат на земја.
🔺Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест?
🔺 Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите?