Петков од Битола: Сметам дека уставните права на бугарската заедница се многу важни и се огромен чекор кон целосна рамноправност меѓу народите

0
541

Бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете држави, порача премиерот на Бугарија Кирил Петков во обраќањето на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Во бугарската делегација е и потпреседателката на нашиот источен сосед Илијана Јотова како и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Вашата благосостојба е гаранција за добри односи. Односите меѓу владите се подобруваат. Ковачевски исто така, ја потенцира важноста на искоренување на говорот на омраза и на потребата бугарската заедница во Македонија да се чувствува целосно рамноправна. Денеска е денот на бугарскиот Устав. Основен закон за заштита на слободите. Сметам дека уставните права на бугарската заедница се многу важни и се огромен чекор кон целосна рамноправност меѓу народите, изјави Петков.