„Преферирам „Дома си е дома“ и тоа даде добри резултати до сега. Но ние можеме да патуваме низ Европа со негативни ПЦР тестови, но можеме и во регионов. Во Бугарија, Турција Албанија без тестови. Но сепак ризокот е многу голем“, вели директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за Скопје 1, Љупчо Јаневски.
Директорот е категоричен дека од нас зависи, дали ќе бидеме во жолта или портокалова фаза.
„Треба да имаме колективна дисциплина. Мерките не се заоструваат или олабавуваат затоа што некој сака. Кога говорам за значењето на туристичкиот сектор за Македонија или било која компарација со друга земја нашиот туристички сектор во БДБ се збира со 2.75 , Хрватска со 23, Црна Гора со 20 и нешто, Грција со 10, до 20 %. Ако ме прашувате што треба да правиме нашиот таргет е регионот, не само во системот на промоција, туку во менување на целата стратегија, за да бидеме што повеќе подготвени за 2021 . Можеби ќе имаме мало олабавување на мерките и патување , токму поради тоа ние како држава треба да се отвараме во чекори, во неколку чекори. Првиот чекор е да имаме туристи од дома и 2020 да го намалиме минусот со домашните гости, да го намалиме негативниот ефект од КОВИД кризата и кажав дека јас би бил задоволен, ако минусот напред биде тројка“, вели Јаневски за Скопје 1.
Јаневски открива дека во 2021 година ќе стартуваме со – 800 илјади странски гости. Според него минусот е помал доколку е подобра стратегијата. Според него што е позастапен региот во Македонија ќе успееме, бидејќи 2021 год ќе биде индивидуално или во многу мали групи. Туристот е турист без разлика дали е домашен или странски. Третманот за него треба да биде исто дочекан и угостен.
„Издадени се околу 100 илјади ваучери во целата кампања „Дома си е дома“, што значи дека околу 12 милиони евра се слеани во тој сегмент. До сега според податоците од министерството за економија искористени се околку 15 000 ваучери, но нашите туристички места се полни. Јас сум задоволен од нејзините ефекти, но ова не смее да ни стане пракса. Кризата со КОВИД 19 ги покажа нашите слабости. Малото продавање на дестинацијата од страна на операторите 2019, 2018 и нивната многу мала концентрација на домашниот пазар односно нивната концентрација во 94% беше да ја продаваат дестинацијата на надворешни туристи, и да носат туристи надвор од државата. Многу мал број на туроператори и туритички агенции закупија соби и хотели во Македонија“, вели директорот.
Јаневски се сложува дека туристичкиот сектор е еден од најпогодените од корона кризата. Тој вели:
„Ако една Франција, Италија, Шпанија, кои се водечки во светот се паднати на колена со 95 до 97% пад на туризмот во првите 6 месеци, она што според мене е реално е враќањето на туристичкиот сектор е на малку поразличен начин, и тоа ќе следи во наредните три до пет години. Субвенциите треба да ни станат несекојдневна пракса, а можноста едукацијата и пред се создавањето на атракции и сместувачки капацитети во руралните делови да ни бидат приоритет“, вели Јаневски и додава:
„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со својата стратегија, според податоците кои ги имаме од нашите истражувања и голем број на експерти кои ги консултиравме од регионот и светот кажуваат дека 2021 година ќе биде година помеѓу пандемијата и чекањето на вакцина. Можеби ќе имаме малку порелаксирани мерки, но и гости кои треба да ги чекаме од регионот. 45 % од вкупниот број на туристи во Македонија кои не посетиле од 2019 год се од регионот.
Што се однесува до „пропаднатата“ туристичка сезона, Јаневски вели:
„Јас не го користам зборот пропаѓа и банкрот , туку прилагодување и предизвик. Тоа што го изгубивме во 2020 год , не треба да го изгубиме во 2021 год, Ние треба сега да примениме иновативнист. Пољаците може да ни дојдат и преку Тирана. Големите туроператори планираат на 5 и 10 години. Ништо не сме изгубиле. Во овој момент само 10% од светската флота лета, тогаш како очекуваме да ни дојдат туристи од други земји при вакви мерки. За 2021 до 2025 треба да правиме стратегија во која јасно треба да кажеме што ќе работиме во следните неколку години.Не смее држата да биде основа и двигател на економијата со впумпување на субвенции и други стумулации. Ова треба да се намалува. Ние мора да создадеме и туристичка инспекција и туристичка полиција. Ние треба да ги подобриме и уловите и услугата на работа. Ние многу малку работиме и во средното стручно образование. Тоа мора да го направиме за да имеме стручни кадри. Треба да создадеме генерации кои ќе го издигнат туризмот“, вели директорот.
Јаневски открива дека предложил на влезот во Охрид да се дочекаат туристите и да им се подели флаер како да се однесуваат во дестинацијата.
“Две и пол години бараме да се формира туристичка инспекција и туристичка полиција. Ова се две работи кои се основа во Европските земји. Повеќе години да се прилагоди и подобри законот за туристичка дејност. Ова мора што поскоро да го направиме да не ги повторуваме истите грешки. 2020 треба да покаже каде сме и каде сакаме да бидеме. Ако вистински сакаме ова повторно да ни се случува тогаш ќе видите како домашните туристи ја доживеале домашната дестинација. Тие ни требаат затоа што 2021 год многу потешко ќе доаѓаат странски. Ако ме прашате сега дали требаше карантин поготово кога ги гледав сликите од Градиште, ќе кажам ДА, затоа што ние не сме заслужиле ништо повеќе. Треба да создадеме визија за сигурна дестинација за 2021“, вели директорот.
Што се однесува на барањата на туристичкиот сектор и нивната најава дека голем број од нив ќе стават клуч на врата, тој вели:
„Барањата на туристичиот сектор се објективни и доставени. Но мене ме загрижува широчината на барањата. Барања кои многупати не се поткрепени со факти и анализи. Неможеме ние бескрајно да ги субвенционираме. Најголем удар во моментов имаат хотелите во градовите, пред се во Скопје, затоа што ги нема конференциите. Тоа мора да го помогнеме. Но одредени барања како што беше барање за исплата на просечна плата е чудно. Ако извадеме статистички кој колку придонел во туристичкиот сектор со обрт, толку треба и да добие. Неможеме да има линеарност.
Во државава работат помеѓу 850 и 900 агенции, кои се со лиценца А и лиценца Б. Според првиот човек на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тие овој пориод треба да се насочат на домашните гости. Ашто се однесува до соработаката со агенциите од регионов, Јаневски вели:
„Како никогаш до сега регионот не си бил потребен. Очекувам дека соработката од септември силно ќе продолжи туристичкиот сектор од Црна Гора, Албанија… За мене е неоснована изјавата на некои кои кажаа дека туристичкиот сектор не добил ништо повеќе од останатите. Добил и е прв меѓу еднаквите во државата. Ги поддржувам барањата на туристкиот сектор, но тие треба да бидат реални. Очекувам дека ќе дојдеме до два милиони и еден туристи за ноќевања. Сега треба добро да се подготвиме и да ја повториме бројката од 3, 2 милиони ноќевања од 2019 год. дали е возможно или не, велам вожможно е, ако вистински сакаме“, категоричен е Јаневски.