„Мене ме испрати Ванчо Михајлов да исполнам присудата”!
Владо Черноземски
Приказната што некој се обидува да ја претстави за „фашистот“ Иван Михајлов, е истата како огромниот дел од нашата официјална историографија. Важи од Гевгелија, та некаде до Врање и Ниш, пишува во својата објава на ФБ Претседателот на ГДУ, Петар Колев.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Легендарниот водач на Македонското ослободително движење доживеал длабока старост и починал во Рим, ниту една меѓународна организација, институција или суд не го ниту побарале, а камоли да го обвинат како фашист.
Знам дека некои комунистички и српски структури никогаш нема да му простат за тоа што бил и никогаш не криел дека е антикомунист, учествувал во задушувањето на комунистичкото востание -Септемвриското востание од 1923 г. во Бугарија.
Знам дека никогаш нема да му простат за тоа што се гордеел и бил достоен Бугарин и сериозен противник на српството и српскиот комунизам, но најмногу ги боли и никогаш нема да му простат за брилијантно организираниот атентат на српскиот тиранин Александар Караѓорѓевиќ.
Вечна ти слава војводо! После 32 години од твојата смрт само спомнувањето на твоето име е кошмар за комунистите и србоманите!