Увозот на Европската Унија (ЕУ) на вакцини против Ковид-19 надвор од регионот изнесуваше 7,8 милијарди евра во 2021 година, соопшти денеска Заводот за статистика на ЕУ (Евростат), јавува Агенција Анадолија (АА).
Најголем увоз на вакцини против Ковид-19 ЕУ реализира од Швајцарија, 65 проценти, по неа следуваат САД со 29 проценти и Кина со 3 проценти, според Евростат.
Најголемиот увозник на вакцини против Ковид-19 меѓу земјите членки на ЕУ минатата година беше Германија со 30 проценти од вкупниот увоз. По неа следуваат Шпанија со 21 процент и Белгија со 14 проценти.
„Извозот на ЕУ на вакцини против Ковид-19 во 2021 година беше во вредност од 20,1 милијарда“, соопшти Евростат.
Голем дел беа испратени во Јапонија, 21 процент, во Велика Британија 14 проценти, во Јужна Кореја 6 проценти и во Турција, 5 проценти.
Најголемите извозници на вакцини против Ковид-19 меѓу земјите членки беа Белгија, со 61 процент од вкупниот реализиран извоз на ЕУ, по неа следуваат Германија со 21 процент и Шпанија со 11 проценти.
Според американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, низ светот се аплицирани над 11,2 милијарди дози вакцини.
Додека бројот на случаи во светот достигна до 507 милиони, пандемијата одзеде преку 6,2 милиони животи во најмалку 192 земји и региони од декември 2019 година.
извор: Агенција Анадолија (АА).