Напад со нож врз свештеник во црква во Ница е „чин на неурамнотеженост“, отфрлен терористички карактер на нападот

Свештеник дваесет пати е избоден со нож во црква во францускиот град Ница.

Непознат маж утринава околу 10 часот влегол во црквата Сен Пјер Д’Арен и со нож дваесетина пати го избодел отец Кристофер, јавува Ројтерс. Во црквата присутни биле 10 луѓе, а повредена е и една калуѓерка. Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, изјави дека напаѓачот е ментално нестабилен, немал криминално досие и дека е познато дека купил нож неколку дена претходно.

Отецот и калуѓерската се пренесени во болница, а напаѓачот е уапсен. Се работи за маж на возраст од 31 година. Полицијата засега овој инцидент не го смета за терористички чин.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на својот Твитер објави дека животот на свештеникот не е во опасност. Во Ница и претходните години имаше напади.
Инаку, организацијата Исламска држава повика на напади во Европа, додека трае војната во Украина.