Од денес започна исплатата на априлските пензии

0
308

Од денес започна исплатата на априлските пензии во филијалите и експозитурите на банките за клиентите кои не користат картички.

Пензиите ќе се делат во четири групи според висинаната на почнувајќи од најниските.

• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2022 година (вторник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2022 година (среда);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2022 година (четврток); и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2022 година (петок ).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат од денес.