Шпанија заплени 12 банкарски сметки, 3 јахти и 23 имоти на руски олигарси

0
435

Шпанските власти замрзнаа 12 банкарски сметки и запленија три јахти и 23 имоти кои им припаѓаат на руските олигарси откако започна војната во Украина, соопшти шефот на Кабинетот на премиерот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи во шпанскиот Парламент, Оскар Лопез рече дека средствата се запленети во согласност со санкциите воведени од Европската Унија кон руските олигарси.

Во текот на последните два месеци, шпанските власти ги запленија јахтите на милијардерите Виктор Векселберг, Александар Михеев и Сергеј Чемезов.

Но, дејствијата на шпанските власти против олигарсите наводно биле ограничени поради правната дупка која ги штити идентитетите на сопствениците на компаниите.

Според весникот „Ел Паис“, Владата планира да донесе нови мерки кои би можеле да помогнат да се открие вистинската сопственост на повеќе сомнителни средства и да доведат до значително поголемо запленување.

Лопез објави дека 130.000 украински бегалци пристигнале во Шпанија. Од нив, 5.400 се деца кои посетуваат училиште.

„Шпанија беше погодена од војната во Украина во однос на сајбер криминалот“, објасни Лопез.

Во своето обраќање, тој рече дека бројот на сајбер напади во Шпанија се намалил од 13.000 во 2020 на 10.831 во 2021 година, но нападите стануваат сѐ поштетни.

извор: Агенција Анадолија (АА).