Македонија нема алтернатива ако секне рускиот гас кон Бугарија и последиците за економијата ќе бидат тешки, тврдат дел од бизнисмените.
Единствената опција за снабдување на земјава со природен гас во моментов е Турскиот тек, па секое дополнително заладување на односите со Русија, може да доведе до големи проблеми за стопанството, смета претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков. Според него, први на удар ќе бидат граѓаните на Скопје, кои добиваат топлинска енергија произведена на гас, објави ТВ 24.
Според Манасков, ако се случи такво сценарио, граѓаните ќе се свртат кон греење на струја, што може дополнително да ја оптовари електро-енергетската мрежа. Во проблем ќе влезат и компаниите кои како енергенс, користат природен гас .
Текстот во целост на: ТВ 24.