Три лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај превојот „Стража“

0
346

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар кај превојот „Стража“.

Како што информира МВР, патничко моторно возило “голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од А.Ж.(27) од с.Дологожда излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ж.(49) и уште еден малолетен сопатник двајцата од с.Дологожта, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар во Кичево, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.