Жител на Грчец од автомобил „ауди“ пукал во воздух со оружје

0
939

На 30.04.2022 во 23.00 часот било пријавено дека во с.Арнакија, скопско, во близина на угостителски објект, М.С. од с.Грчец, кој бил со патничко возило „ауди“, испукал во воздух со огнено оружје.

Повредени лица нема, а на местото излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.