Денеска на Криволак почнува воената вежба ,,Брз одговор 22“

Со околу 4.600 војници од осум држави – Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција од денеска на армискиот полигон Криволак започнува „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што се реализира во земјава.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на вчерашниот брифинг рече дека за Министерството и за Армијата е голема чест што се домаќини на ваква вежба и изрази убедување дека припадниците на македонската Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.

mkd.mk