Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.
-До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување, велат од Обвинителството за„Слободен печат“.
Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска уште еднаш се обрати до јавноста, овојпат преку „Инстаграм“.