Албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Крешник Бектеши изјави дека од утре почнува увозот на сончогледово масло од Македонија, кое претходно главно се увезувало од Украина, објави makpress.mk.
Таа додаде дека ќе продолжи олеснувањето на сите процедури во рамки на Отворен Балкан.
Поради недостиг на масло за јадење во Албанија, чија цена е 3,1 евро, голем број албански граѓани од пограничните региони со Македонија зејтин главно купуваат во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.