Европската банка за обнова и развој официјално објави дека е започнато администрирањето на заемот од 100 милиони евра за АД ЕСМ за надминување на енергетската криза, а кредитот ќе биде одобрен на 20 јули.
Кредитот ќе биде за поддршка на ликвидноста на компаниите во справувањето со енергетската криза што ја погодува Македонија, објави Faktor.mk.
„Обезбедувањето на финансиските средства за ликвидност ќе се користат како обртен капитал за финансирање на плати, сервисирање на долгот и други административни трошоци на клиентот и не е поврзано со какви било нови еколошки или социјални ризици или влијанија. ЕСМ е постоечки клиент на Банката со добри резултати и ја докажа својата способност да се усогласи со барањата на Банката за време на тековните проекти“, се вели во објавата на меѓународниот кредитор.
Со овие пари ќе се финансираат структурните прашања на локалниот енергетски пазар.Заемот, се вели , дека ќе и помогне на земјата да ги исполни своите цели за одржливост и енергетска сигурност. Финансиската помош треба да ја зголеми отпорноста на енергетскиот сектор од системски шокови како што се „Ковид-19“ и сегашните кризи на пазарот на електрична енергија.
Текстот во целост на: Faktor.mk.