Телма: Власта пак ја става во игра еврообврзницата, експертите со порака да се внимава со кредитите, јавниот долг ќе расте

0
334

Откако првично беше во мирување поради високите камати, власта пак ја става во игра и еврообврзницата која првично беше планирања на околу 600 милиони евра. Ова вчера го најави вицепремиерот Битиќи, но според информациите на Телма веќе се подготвува теренот за издавање на еврообврзницата и тоа ќе се  случи наскоро. Но, нема одговори на која сума,oбјавува „Телма“.

Нема одговори ниту колку пари ни се одобрени од Меѓународниот монетарен фонд од кој според непотврдените информации се бараа 900 милиони евра. Министерите велат, колку пари ќе се задолжиме за да ги покриеме буџетските дупки и да се справиме со енергетската криза, ќе се знае со ребалансот на буцетот, кој треба да биде готов за десетина дена. Експертите со порака до власта, да внимаваме со кредитите и со тоа како ќе ги трошиме парите. Предупредуваат јавниот долг ќе расте. А со тоа и каматите за идните задолжувања.

извор: „Телма“.

фото: unsplash.com