(ВИДЕО) Верувале или не – момче ја запросило девојката на погребот на нејзиниот татко

Момчето по име Мојела објави видео на социјалната мрежа ТикТок, на кое се гледа како и изјавува љубов на својата девојка и ја прашува дали сака да се омажи за него.

Сето ова не би било невообичаено доколку местото за запросување не е многу необично. Имено ова момче ја запросило својата девојка на погребот на нејзиниот татко.

На видеото се гледа тажна девојка која седи во првиот ред во близина на нејзиниот починат татко, додека нејзиното момче клечи пред неа.

Видеото стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи го критикуваа мажот, велејќи дека ја искористил ситуацијата додека неговата девојка не „размислила трезвено“. Многумина истакнаа дека ова е непочитување и дека целата идеја е погрешна.

Не се знае дали девојката дала потврден или негативен одговор, но се гледа како го задржала прстенот.

@m.mojela♬ original sound – M.Mojela