Јоци: Граѓанството повеќе не гледа македонска опција во СДСМ, напротив опција која го поткопува македонското ткиво, камоли економска или било-каква визионерска

На ист став сум – дека СДСМ ќе оди во предизборна коалиција со ДУИ, што е политички лоша вест за граѓанството!
ℹ СДСМ, кој веќе е во кошмар, остана без гласачко тело, изгуби околу 200.000 гласа во однос на 2016-та година (и уште губат) и спасот ќе го бараат во ДУИ, кои за возврат ќе им испорачаат многу повеќе желби и барања, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

Во објавата Јоци додава:

-Би заклучила, граѓанството повеќе не гледа македонска опција во СДСМ, напротив опција која го поткопува македонското ткиво, камоли економска или било-каква визионерска.
ℹ Проблемот со ВМРО-ДПМНЕ е што го задржаа своето ,,бетон” гласачко тело (од 300.000 до 350.000 гласа), но тешко им оди прелевањето на свое конто на добар дел од тие изгубени 200.000 гласа од СДСМ за да бидат сигурни во цврста нова влада со партии од албанската опозиција.
Потребно е од 44 да скокнат над 50 пратеника (идеално е 55), а СДСМ да го срозат на 30 пратеника за да не можат повеќе да прават никаква влада во наредни 100 години дури и во коалиции со ,,свети ДУИ”!
Меѓудругото, ВМРО треба да води сметка нејзините гласови да не одат на сметка на ,,Левица” т.е да ги остават со еден до два пратеника и надвор од евентуална влада. Ако идејата им е влада, а не локално тртљање со шахти и дупки…

 

извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци