(ВИДЕО) УА ЛОПОВИ !!! Вика граѓанин по министерот Бочварски додека дава изјава за автопатот Кичево Охрид

УА ЛОПОВИ !!! – вака од вод џип во движење граѓанин викаше по министерот за транспорт и врски Благој Бочварски додека тој одговараше на новинарски прашања на прес конференција во општина Дебрца ( децениски бастион на СДСМ ) .
Бочварски и присутните се обидоа да завршат со прес конференцијата, но новинарите инсистираа деак имаат и други прашања.

Инаку министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера беше во Охрид и најави дека десната страна од автопатската подделница Требеништа кон Охрид се очекува да биде комплетно завршена и пуштена кон почетокот на август, а левата до крај на годината.

Тој изврши увид на градежните активности на подделницата, на 8,5 километри пред Охрид, при што информираше дека се во тек завршните асфалтерски работи. Кажа дека вчера ќе се вградат 320 тони асфлат – прв слој, а веќе денеска се засилуваат асфалтерските работи со вградување и по 900 тони асфалт дневно. Таквите активности ќе продолжат во тек на целата градежна сезона на сите подделници на автопатот во должина од 57 километри, во вредност од 598 милиони евра. На терен, долж целата траса, како што рече Бочварски, се повеќе од 700 работници и над 280 градежни машини. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 70 проценти. Министерот порача дека мора да биде испочитуван рокот за изградба на автопатот посочувајќи дека постојано имаат средби и со изведувачот и надзорот, се координираат и ги преземаат сите активности со што, како што рече, полека се приближуваме кон роковите за привршување, рече министерот.