(ВИДЕО) Авионот што принудно слета во Белград имал дупка и оштетено крило, јавуваат српските медиуми

Авион на Маратон ерлајнс со 106 патници принудно слета во неделата вечерта на аеродромот во Белград. Авионот бил оштетен при полетувањето од Белград до Дизелдорф кога удрил во семафор при полетување од пистата.

Причина за оштетувањето бил краткиот лет што пилотот го извел при полетување, па немал доволно време да се одвои од пистата и да ги избегне семафорите, јавува N1 Србија.

На видеото кое се прошири на социјалната мрежа Х се гледа голема дупка на трупот на авионот и на почетокот на крилото. Откако авионот во таква состојба еден час кружел над Белград, принудно слетал. Поради истекување на гориво пожарникарите морале да реагираат и го испрскале авионот со пена за да не се запали.

Во своето соопштение „Ер Србија“ наведува дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена и дека летот на Маратон ерлајнс е вратен на аеродромот од технички причини.

https://twitter.com/KumZorzo/status/1759356360351777217?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1759356360351777217%7Ctwgr%5E44c4a88b9208ad15a0281eee1d4ad61ac35360de%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Fvideo-drama-na-aerodrom-vo-belgrad-avion-udril-vo-semafor-techelo-gorivo-pa-po-eden-chas-kruzhene-sletal-prinudno%2F