На социјалните мрежи објавено е вознемирувачко видео на кое се гледа како се вози по македонските сообраќаници. Имено според коментарите случката е од Штип и на истата се гледа како дете се обидува да премине улица, но автомобил го удира. За среќа детето станува и ја преминува улица.
Под видеото има низа коментари. Граѓаните бесни коментираат:
View this post on Instagram
-Не треба суспензија на возачка, не треба парична казна, за секој сообраќаен прелкршок треба да има одреден број наставни часови. Е тоа не може да го ескивира, се друго ќе реши, ама времето ќе мора да го помине на обука. За овој кретен би било секој ден 12 месеца по 4 саата
-Овој/ Оваа треба да се суди за обид за убиство.
-За тоа треба да се суспендираат возачки и собраќајни на 10, 20, 30 години, наместо парични казни.
Не знаеме кога точно е снимено ова видео. Но надлежните истото мора да го погледнат.
видео: Социјални мрежи