Архиепископот Стефан и српскиот патријарх Порфириј на 24 мај ќе служат литургија во Соборниот храм во Скопје

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, патријархот Порфириј, соопшти МПЦ-ОА.

На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.

-Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество, велат од МПЦ-ОА.

извор: МПЦ-ОА

Фото:

Mapio.net