Во пресрет на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup), златниот трофеј, што се доделува на победникот на првенството, пристигна во Скопје, заедно со бразилската фудбалска легенда, Жилберто Силва. Трофејот беше пречекан во Скопје од страна на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Фудбалската федерација на Северна Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, директорот за корпоративни политики и одржливост во Пивара Скопје, Ламбро Патче, и генералниот менаџер за франшиза на компанијата Кока-Кола, Лука Сантандреа.
„Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ.
Доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва е фудбалска историја’, напиша на својот ФБ профил претседателот Пендаровски.
фото: ФБ Стево Пендаровски