Во Северна Македонија за прв пат се одржа изложба на нерасни кучиња, организирана од страна на јавното претпријатие „Лајка“ во соработка со Кинолошкиот сојуз на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воислав Димитровски, директорот на Јавното претпријатие „Лајка“, вели дека настанот е од забавно-едукативен карактер, а идејата е да се зголеми јавната свест за вдомување миленик.
„Ова е прв пат во државава да се организира ваков тип на изложба на нерасни кучиња. Односно може да се пријави секое куче кое не е расно, кое можеби личи на некоја раса, но нема педигре. Слободно може да дојде денеска тука и ќе имаме многу убав настан“, рече Димитровски.
На изложбата на нерасни кучиња нема официјални категории, туку категории од забавен карактер: „Најубава женка“, „Најубав мажјак“, „Најигриво куче“, „Најубаво куче (над 10 години)“, „Каков сопственик, такво куче“, „Омилено куче на судиите“, „Најубаво куче со посебни потреби“, „Куче со посебни манири“, „Најубаво стилизирано куче“, „Најдобро големо куче“, „Најубаво бушаво куче“, „Најслатко мало куче“, „Куче што знае најдобро да води дете“, „Најубаво куче со спортски дрес“, „Најубаво куче од вдомени кучиња“ и „Куче со најубави очи“.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).