Стојкоски: Оваа денешна несреќа во која изгубивме уште еден живот остава простор за огромна загриженост

0
390

Вечерва во близина на општината Ѓорче Петров се случи сообраќајна несреќа во која загина пешак. Со своја реакција на социјалните мрежи, вечерва се огласи градочалникот на оваа скопска општина.

– Сочувство до семејството на загинатиот пешак. Улиците треба да се безбедни за сите, од деца до највозрасни. Сите имаме своја улога во сообраќајот, внимателноста е најважна, напиша Стојкоски на фејсбук.

Стојкоски во својата објава потенцираше дека огромно внимание треба да обрнеме на другите учесници во сообраќајот, на брзината со која возиме, сообраќајните правила.

– Како пешаци мораме без исклучок колку ни се брза, да поминуваме улица на обележан пешачки премин. Ова е единствениот начин, сите да бидеме безбедни, додаде тој.

Понатаму тој вели дека го вознемирила веста за тоа што се случило вечерва во Ѓорче Петров, исто како она пред пет месеци кај „Сити Мол“

На крајот Стојкоски апелираше до учесниците во сообраќајот да не забораваат дека никаде не брзаат.

-Најважно е безбедно да стигнеме дома, бидејќи, таму, некој не чека, завршува тој во својата фејсбук објава.

извор: ФБ Александар Стојкоски

фото:  ФБ Александар Стојкоски