СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир. Вчера не одговорија дали за лицето коешто пукало кон полицијата заради контрола на возило и потоа е ослободено, е осудено за истото дело и веќе цела година има наредба до СВР Скопје да биде приведено за издржување на затворската казна, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Оливер Спасовски повеќе не смее да се крие и како прв човек на МВР, мора да одговори:
Дали Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, е снимен од камерите на системот „сејфсити“, од безбедносните камери, вечерта на местото на пукањето во Чаир?
Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат лицето да замине?
Дали постои снимка од системот „сејфсити“ на којашто се гледаат полицајците и Ариф Асани, а на снимката нема други лица?
Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група на граѓани ги попречила да го приведат лицето“?
МВР под Оливер Спасовски не смее да биде испостава на СДСМ и да служи за самоволие на ДУИ. Доколку врхушката на СДСМ сакаат, тие може да бидат заложници на ДУИ, но Македонија ниту било кој граѓанин не смее да биде заложник, само и само за гола власт на СДСМ. Со СДСМ, наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност.
Оливер Спасовски, доста се криеш, ова е огромен скандал. Македонија не смее да биде мафијашки рај за ти да бидеш министер! Премногу е!
извор: ВМРО ДПМНЕ
видео: ВМРО ДПМНЕ