Санкционирани се 68 возачи, од кои 19 на територија на СВР Тетово, 14 на територија на СВР Велес… во вчерашната засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи спроведена од 9 до 12 часот на територијата на целата држава.
– Засилените акциски контроли ќе продолжат. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, информира МВР.