„Aфриканска плетенка“ – фризура која во исто време e одраз на идентитет и историја

Фризурата „африканска плетенка“, која неодамна стана популарна низ целиот свет, во Африка не се користи само како фризура, туку и како социјален идентитет, објави Агенцијата Анадолија.

Фризурата со африкански плетенки се прави со додавање на синтетичка коса на косата или со обликување на косата. Таа е различна кај секоја етничка група во земјите од Африка.

Некои видови „африканска плетенка“, која од неодамна почна да се користи и од мажите, понекогаш го одразуваат социјалниот статус, а понекогаш ја симболизираат етничката група на која припаѓаат.

Мипо Тчинку Едит Флауре, претседателката на Здружението за промоција на богатството на Камерун, во изјавата за дописникот на АА се осврна за значењето и историјата на „африканската плетенка“.

Наведувајќи дека африканската плетенка е најстарата фризура во светот, Флауре рече: „Секоја етничка група во Африка има свој модел на ‘африканска плетенка‘.“

Флауре нагласи дека робовите цртале планини, ридови и премини во регионот со плетенка во косата за да ги покажат патиштата за бегство на нивните пријатели.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија.

фото: Агенција Анадолија.