Кадиевска-Војновиќ: Секаде во светот се полнат стоковите резерви, а во Македонија буџетот за стокови резерви е само 4 милиони денари и набавки не се спроведени

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска-Војновиќ, во своето интервју за Македонското радио, говореше за високата инфлација, малиот економски раст и нарушениот животен стандард на граѓаните.

Кадиевска Војновиќ се задржа и на Буџетот и рече дека од оние мерки кои ги имплементирала владата заклучно со мај, од приходна страна ги нема, односно мерките на 0% ослободување од данок на добивка за основни производи за човекова исхрана, како зејтинот, лебот и сите што биле на листата, сега нема да бидат под нула, туку ќе си се вратат да се плаќа и за нив.
Кадиевска Војновиќ понатаму вели дека тоа ќе повлече и нови поскапувања кои дополнително ќе удрат по џебот на народот.

– Во ребалансот исто така не се кажува дека ќе задржат го исто така ДДВ-то со повластена стапка од 10 за прометот на деривативи. Значи, најверојатно ќе ја вратат на 18 и во јуни можеме да очекуваме да ни поскапат нафтените деривати не заради движењето на светските цени, туку поради оваа даночна политика односно, неконтинуитет на продолжувањето на мерките. Исто така, не се кажува и за акцизите. Направија комплициран систем, не ги намалија акцизите туку со движење на цените на светските берзи не кажуваат дали ќе ја вратат старата методологија што би дека можеби исто можеме да имаме некој раст во цените на нафтените деривати. Тоа е од приходната страна не го гледаме тој момент. Е сега, што е точната бројка од расходната страна?
Во мерки, министерот образложи 76 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и фирмите. Конкретно, конкретизирано за што се овие 76 милиони евра – нема. Дали тоа ќе бидат трансфери да кажеме, 1000 денари за енергетска сиромаштија, или за помош за ликвидност на фирми, значи треба да се конкретизира. Или овие 76 се оние пари кои најверојатно некаде се во буџетот за трансфери до ЕСМ со цел сѐ уште да се субвенционира онаа пазарна цена која што ја држи моментално владата како што впрочем и до сега правеше. – рече Кадиевска Војновиќ.

Таа додаде дека она што е критично и сите светски лидери го прават е сигурност за храна, тоа е топ приоритет во светот, да се обезбедиме со храна. Рече и дека она што требаше да се направи е стоковите резерви да бидат полни, кои иако се велело дека се полни, буџетот за оваа година за стокови резерви со претходниот план бил само 4 милиони евра, а набавки не биле спроведени.

извор: ВМРО ДПМНЕ