Димитриеска Кочоска: Денес требаше да се објави податокот на растот на БДП во прв квартал, но власта одложува

Денеска требаше да биде објавен податокот за Бруто домашниот производ, за првиот квартал од годината, напиша на својот ФБ профил Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО ДПМНЕ.
Во објавата Димитриеска Кочоска додава:

Но, како и по обичај, откако СДСМ е на власт постојано се одложува објавувањето на овие податоци кои се од клучна важност за економијата.

Постојаното удирање во гради за транспарентноста на институциите се претвора во купување на време за фингирање, калкулирање и прикривање на реалната состојба во Македонија.

извор: ФБ Гордана Димитриеска-Кочоска