Руската енергетска компанија „Гаспром“ соопшти дека целосно ја прекинала испораката на природен гас на „Шел енерџи Јуроп“ („Shell Energy Europe“) и данската компанија „Орстед“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека „Шел енерџи Јуроп“ и данската компанија „Орстед“ не ги извршиле потребните плаќања во руски рубли за испораките на „Гаспром“.
Руските власти од партнерите побараа од 1 април испораките на гас да ги плаќаат во рубли, а „Гаспром“ потоа ги прекина испораките за Полска, Бугарија, Финска и Холандија.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).