ТАНЈУГ: СПЦ ќе и врачи Томос на МПЦ-ОА за автокефалност

Српскиот патријарх Порфириј ќе му врачи Томос за автокефалност на МПЦ-ОА, веднаш по литургијата денеска во Белград, објави предмалку агенцијата Танјуг, повикувајќи се на свои информации.

Во Соборната црква во Белград во тек е света литургија ка која служат патријархот Српски Порфириј и Архиепископот охридско македонски Стефан со владици на двете цркви. По оваа литургија, како што дознава Танјуг, Патријархот на СПЦ ќе му врачи Томос на Архиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, пишува Танјуг.

Посетата на делегација на МПЦ-ОА во Белград повторно се случува без информирање на јавноста. А од литургијата неме официјален пренос.

 

tanjug