Истанбул подготвен да се приклучи на познатата колекција Мишелин водичи

0
306

Турската метропола Истанбул е подготвена да стане 38. дестинација што ќе се приклучи на познатата колекција на „Мишелин водичи“ (Michelin Guide), а Мишелин рестораните во градот и бројот на ѕвезди кои тие ги освоиле ќе бидат објавени на 11 октомври, јавува Агенција Анадолија (АА).

Освојувањето на статусот на Мишелин ѕвезда за готвачите е како да се освои Оскар во светот на храната. Победниците се прикажани во весници и телевизиски шоуа, а нивната стручност е признаена за целиот свет да ја види.

Водичот на Мишелин ги зема предвид квалитетот на состојките, хармонијата на вкусовите, вештината на техниките, личноста на готвачот изразена во нивната кујна и како најважно, конзистентноста и со текот на времето и низ целото мени.

Турската кујна може да се пофали со широк спектар на јадења кои потекнуваат од Османлиското Царство. Еден од рестораните кој служи традиционални турски јадења е „Пандели Истанбул“, популарна дестинација на Пазарот на зачини.

„Пандели“ е познат по својот недопрен внатрешен дизајн, мозаик и неговото служење на традиционална турска храна на старомоден начин. И покрај тоа што се направени измени на некои рецепти, според готвачот Бајрам Караџам, јадењата како што се султанско јадење, јагнешка коленица, јагнешко во тандир, ќофтиња на скара, донер ќебап на ќумур и печиво од модар патлиџан сѐ уште се служат како што се служеле со векови.

Гости во ресторанот биле познати личности од светот на забавата, кралски семејства, политиката, меѓу кои основачот на Републик Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кралицата Елизабета Втора, шпанскиот крал и кралица Хуан и Софија Карлос, актерката Одри Хепберн и многу други.

Истанбул, сепак, не е само традиција ниту Мишелин водич. Градот е дом на илјадници ресторани со блескава разновидност од еден до друг брег, вклучително и познатата „Асека“. Ова прекрасно место за јадење се наоѓа во 100-годишната историска зграда во населбата Каракој. „Асека“ му дава нов вкус на Истанбул, рефлектирајќи го класичниот, но и модерен стил во својата понуда.

Готвачот Омер Акосман вели дека освојувањето на Мишелин ѕвезда е достигнување на тимска работа, бидејќи секој во кујната треба да го дава најдоброто од себе секој ден.

„Се трудам да не се ограничувам на одредени правила или одредени кујни“, објасни тој.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).