(ФОТО) Сообраќајка кај МАНУ – автомобил се преврте на покрив

0
190

На булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ утрово се случи сообраќајна несреќа во која кога автомобил се преврте на покрив.

За среќа, возачот Љ.Ч (45) поминал без повреди, како што информираат од МВР, а предизвикана е само материјална штета.

Сообраќајот на булеварот се одвива нормално, а повеќе детали за сообраќајката се најавуваат за подоцна.

фото: nezavisen.mk