Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа неколку минути по слетувањето на нејзиниот авион во Тбилиси, главниот град на Грузија.
На пат од аеродромот до хотелот, каде што требаше да биде сместена екипата, возачот на првиот од двата автобуси во кои бил бугарскиот тим изгубил контрола над возилото, што резултирало со сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила поради неприспособена брзина во услови на дожд, а според барањата на УЕФА, репрезентацијата била поделена на два помали автобуси и патувала со полициска придружба.
Возачот на еден од автобусите возел со голема брзина по влажен коловоз и изгубил контрола бидејќи пред него наеднаш застанал автомобил, а во него удрил другиот автобус.
Најмногу настрадал фудбалерот Тодор Неделев кој според првите информации се здобил со тешки повреди и е во болница.
Останатите членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро.
МИА