Утре заедничка литургија на г.г. Стефан и патријархот Вартоломеј

Седиштето на Вселенската патријаршија утре наутро ќе ги отвори портите за многубројните верници од нашата земја кои ќе присуствуваат на заедничката литургија на која ќе сослужуваат архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј, Објави Нова Македонија.

На овој голем историски настан ќе се официјализира воспоставувањето на канонско единство и враќањето на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија меѓу православните цркви, откако на 9 мај Вселенската патријаршија ја тргна шизмата од МПЦ-ОА.

Главниот настан со кој ќе се официјализира оваа одлука на Вселенската патријаршија е в недела на Духовден кога во патријаршискиот храм на Фанар Архиепископот Стефан и Патријархот Вартоломеј ќе ја отслужат првата заедничка литургија.
Ова прво сосолужување на Архиепископ од Македионија и на Вселенски патријарх е прво во модерната историја. Иако нема точни податоци, сепак некои историски записи посочуваат дека последен пат Охридски Архиепископ и Вселенски Патријарх заедно служеле во 1763 година кога е назначен Арсениј за Архиепископ Охридски.

Текстот во целост на: Нова Македонија.