Протест на ветераните на Косово поради Законот за минимална плата

0
319

Организацијата на бранителите на поранешната ОВК за денеска најави дека ќе организира протест пред зградата на Собранието на Косово, поради начелно усвојување на Законот за минимална плата. Предлог-законот за минимална плата не ги опфаќа бранителите, додека претходно бранителската пензија беше врзана за минималната плата. Ветераните оценија дека „Собранието на Косово е собрание на срамот“ и дека владините пратеници (со извесни исклучоци) заедно со малцинствата го донеле законот за минимална плата.

 

Радио Слободна Европа