Францускиот предлог за кревање на ветото ќе биде доставен во Софија попладнево, тврдат бугарските медиуми

Предлогот на француското претседателство за укинување на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската унија ќе биде доставен за неколку часа, јави бугарската агенција БГНЕС.

Според информациите, денеска во бугарското Собрание се одржала средба на француската амбасадорка, Флоранс Робин, со пратеници од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција.

На состанокот, кој започнал во 11 часот по софиско време, амбасадорката рекла дека ќе ги достави француските предлози за неколку часа и се надева дека ќе бидат изгласани во наредните денови, како што е договорено, посочува БГНЕС.

 

makfax