(ВИДЕО) Камион удира во Шевролет кој е запрен среде автопат

0
486

Застрашувачката снимка покажува Шевролет Силверадо запрен среде автопат во Минесота. Откако низа автомобили успешно го заобиколија, пристигнува камион кој со полна брзина удира во задниот дел на камионетот без сопирање или каков било друг маневар. Го отфрлил надесно и потоа се запалил Шевролетот на излезната лента. Во близина застанал камион.

За среќа во несреќата, 42-годишната Сузан Норберг и нејзината 12-годишна поќерка успеале да побегнат од возилото пред сударот и буквално да ја гледаат несреќата стоејќи зад заштитната ограда. Според достапните информации, во несреќата неповреден бил и возачот на камионот.

Ако се прашувате зошто возачот не го поместил возилото на страна до лентата за застанување, причината е што возилото било оневозможено. Според StarTribune News, таа со своето возило удрила во елен и се активирале воздушните перничиња.

Интересно, официјалните полициски инструкции велат дека патниците во вакви случаи треба да повикаат помош и да останат во возилото бидејќи е крајно опасно пешаци да трчаат преку неколку ленти. За среќа, тие не го послушале ова упатство и на тој начин си го спасиле животот.

 

kanal5