Поразен на парламентарните избори, претседателот на Франција се најде без мнозинство во собранието. Радикалната левица станува една од главните сили во Собранието. Со 89 избрани пратеници, Националниот собир предизвика изненадување. Макронистите ќе треба да бараат мнозинство кај другите парламентарни групи во Собранието за да ги гласаат предвидените реформи, јави дописникот на МИА.
Вечерта по вториот круг од парламентарните избори, претседателот на Франција не го најде „цврстото“ мнозинство во парламентот како што го бараше од Французите. Уште полошо, макронистичките сили дури се многу подалеку од 289 пратеници неопходни за донесување закони, бидејќи, според конечните резултати, Заедно! има само 245 пратеници или 38,48 отсто од гласовите. Отфрлање на шефот на државата, сега принуден да најде сојузници, а со тоа и да направи компромиси, за да може да ја спроведи неговата програма, која веќе е застарена од новата рамнотежа на моќ во Националното собрание. „Ситуација без преседан“ која „претставува ризик за Франција“, коментираше синоќа премиерката Елизабет Борн.
МИА